Заедничкиот час на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) беше прекинат откако на неколку студенти им се слоши, по што мораше да реагира Брзата помош.
Инцидентот се случи непосредно по почетокот на обраќањето на ректорката, кога стотици студенти се собраа пред универзитетот за да оддадат почит на жртвите од трагедијата во Кочани.
Дождот не ги спречи студентите да останат на собирот, кој започна со седумминутен молк точно напладне. Во текот на настанот, свое обраќање имаше и министерката за образование Весна Јаневска, која пред сè се заблагодари на студентите за нивното присуство.