Задолжителна на празничната трпеза: Најбрзата сусам салата

71
Youtube

Салата од сусам е салата која се служи со печено месо, тестенини или како намаз. Едноставно оди со се. Оваа количина е доволна за поголема велигденска трпеза, но доколку ја правите само за семејството, намалете ги количините.

Состојки:

– 100 гр сусам

– 250 гр шунка

– 250 гр сирење

– 500 гр крем сирење

– 500 гр павлака

– 100 гр мајонез

Подготовка:

На тивок оган испржете го сусамот додека не добие убава златна боја. Шунката и сирењето изрендајте ги на ситни парчиња. Во поголем сад истурете павлака, крем сирење, мајонез и малку сол.

Додадете 80 гр изладен сусам и сè убаво измешајте. Истурете во сад и посипете ги со преостанатите 20 гр сусам. Украсете со зеленчук по желба.

Ставете во фрижидер да се стегне и излади.

ИЗДВОЕНИ