Зачудувачки податоци: Неочекувани предмети пронајдени во храната во Британија – од инсекти до завртки до накит

72

Дури 12 отсто од Британците признале дека пронашле туѓ предмет во намирници купени во супермаркети, покажало истражувањето на британската организација за заштита на потрошувачите Which, во кое биле вклучени илјада испитаници.

Некои од предметите што ги нашле во храната биле навистина неочекувани – во рибите имало индустриски завртки, во крекерите муви, во некои накит, а најнесреќните во храната пронашле животински измет откако ја отвориле амбалажата.

Имало пронајдени и гасеници, како и парчиња дрва, а некои потрошувачи пријавиле дека пронашле големи, тврди парчиња во пити со месо.

Од вкупниот број на испитаници, тројца рекле дека се меѓу клиентите кои купиле храна која потоа била повлечена, а два отсто потврдиле дека супермаркетот лично ги контактирал за да ги информира дека производот што го купиле е повлечен од пазарот. Половина од испитаниците одговориле дека би сакале супермаркетот лично да ги информира доколку некој производ што го купиле е повлечен.

Ниту еден од испитаниците, според Which, не се разболел или повредил поради консумирање на повлечениот производ.

ИЗДВОЕНИ