Метеоролошката служба на Велика Британија соопшти дека овогодинешните летни температури прелиминарно покажале дека летото во 2024 година ќе биде најстуденото лето од 2015 година.
Иако летата во претходните години често беа екстремно топли и суви, понекогаш со температури кои достигнуваа екстремни граници, 2024 година донекаде го промени тој тренд, пренесува Sky News.
Иако имаше неколку топли денови, тие не беа ни блиску до температурите забележани во претходните години и многумина ќе имаат чувство дека овогодинешното лето не ги оправда очекувањата.
За некои делови од Англија, особено југоисточниот и источниот дел, летото беше главно нормално оваа година, но делови од северозападна Англија и Шкотска имаа значително повеќе врнежи, помалку сончеви денови и пониски температури во просек, покажуваат прелиминарните податоци на Британската метеоролошка служба.
„Иако ова лето можеби изгледаше поладно во споредба со последните години, важно е да се стави во историски контекст, имајќи предвид дека климатските промени во Велика Британија ја зголемуваат фреквенцијата на потопли лета, што може да се види преку нашето набљудување. Додека климатските промени ја зголемуваат зачестеноста на потопло време во Обединетото Кралство, нашата природна варијабилност значи дека сè уште повремено ќе доживееме постудени лета“, вели Емили Карлајл, научничка од Метеоролошката канцеларија на Велика Британија.