Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Ќафасан

41

Поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Како што посочуваат, забраната се воведува од 19.30 часот.

Од 19.45 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема – (ланци).

Поради врнежи од снег, на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 18.00 часот се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите видови возила, соопштија денеска од ЈП „Македонија пат“.

Исто така, денеска од 15:25 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од 16:20 часот се воведе забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, а од 17.00 часот забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот превој Буково.

Како што соопштија од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на „Македонија пат“.

ИЗДВОЕНИ