Калифорниската компанија за развој на вештачка интелигенција OpenAI постепено се насочува кон развојот на „суперинтелигенција“, напиша нејзиниот извршен директор Сем Алтман во својот личен блог.
„Ги сакаме нашите сегашни производи, но тука сме за славната иднина“, наведе Алтман, додавајќи дека суперинтелигентните алатки би можеле да ги забрзаат научните откритија и иновации и на тој начин да го зголемат просперитетот, пренесува Tech Crunch.
Ваквите визии сега звучат како научна фантастика, но компанијата е уверена дека „во следните неколку години“ сите ќе го видат она што компанијата го гледа сега, напиша Алтман.
reflections: https://t.co/rHdE40AuOG
— Sam Altman (@sama) January 6, 2025
OpenAI неколку пати пишуваше за тоа како успешната транзиција во свет со суперинтелигенција е „далеку од гарантирана“ и дека компанијата нема одговори на сите предизвици.
Немаме решение за управување или контрола на потенцијално суперинтелигентната вештачка интелигенција и не можеме да ја спречиме да се однесува лошо, напиша компанијата на својот блог во јули 2023 година.
Компанијата наведе дека луѓето нема да можат со сигурност да ги следат системите со вештачка интелигенција кои се попаметни од нив.
Се надеваме дека Open AI ќе инвестира доволно ресурси за да се осигура дека суперинтелигентните системи се однесуваат безбедно, додава технолошкиот портал.