Заборавете на евтиното купување: „Тему“ и „Шејн“ најавија поскапување од 25 април

137

Кинеските брендови за онлајн шопинг Temu и Shein ќе ги зголемат цените на своите производи следната недела, откако мерките на американскиот претседател Доналд Трамп насочени кон увозот со ниска вредност и огромните царини ги зголемија трошоците за компаниите познати по нивните ниски цени.

Двете компании велат дека ќе ги зголемат цените од 25 април и ги повикуваат потрошувачите да ја искористат можноста дотогаш да купуваат по тековни цени, објави Ројтерс.

„Поради неодамнешните промени во правилата и тарифите во глобалната трговија, нашите оперативни трошоци се зголемија. За да продолжиме да ги нудиме производите што ги сакате без компромис за квалитетот, ќе бидеме принудени да ги прилагодиме цените од 25 април“, се вели во соопштението на кинеските компании.

Шејн“ и „Тему“ нудат производи од играчки до паметни телефони.

Нивниот бизнис модел е под закана по неодамнешната наредба потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп за затворање на „трговската дупка“ што дозволуваше пакетите поевтини од 800 долари да влезат во САД без царина од Кина и Хонг Конг.

Наредбата стапува на сила на 2 мај.

ИЗДВОЕНИ