Заборавен скандал и допинг: По три години повторно во Австралија, Халеп доби специјална покана

245
EPA-EFE/Tolga Akmen

Поранешната најдобра тенисерка на светот Симона Халеп доби специјална покана за квалификациите на Австралија Опен, објавија организаторите на првиот Грен слем турнир во сезоната.

Во 2018 година Романката играше во Мелбурн, но во меѓувреме падна на 877. место на ВТА листата.

Таа беше суспендирана во 2022 година поради допинг скандал. Халеп тогаш беше суспендирана на четири години поради промени во биолошкиот пасош, но во март годинава казната беше намалена. Ова и овозможи да се врати на тенисот на Мастерсот во Мајами.

„Едвај чекам да се вратам во Австралија по три години поминати“, изјави Симона.

Квалификациите за Австралија опен се играат од 6 до 9 јануари, додека мечевите за главната ждрепка започнуваат од 12 до 26 јануари.

 

ИЗДВОЕНИ