Четириесет и првите традиционални „Маџирмаалски средби“ ќе започнат на 22 февруари 2025 година, со турнирот во мал фудбал, кој ќе се одржи на кејот на Вардар, со почеток во 10:00 часот.
Наредниот ден, 23 февруари, ќе се одржи турнирот во фанта, кој, исто така, ќе се одржи на кејот на Вардар, со почеток во 10:00 часот.
„Маџирмаалските средби“ ќе завршат со свечена забава, која е закажана за 28.2.2025 година, во ресторанот „Градина“, со почеток во 20:00 часот.