За време на разговорот со Мелони, Трамп рече дека САД и Украина ќе потпишат договор за минералите следниот четврток

47
epaselect epa12037060 US President Donald Trump (L) greets Italian Prime Minister Giorgia Meloni (R) at the White House, Washington, DC, USA, 17 April 2025. EPA-EFE/WILL OLIVER

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на состанокот со италијанската премиерка Џорџа Мелони дека Украина и САД ќе потпишат договор за минерали следниот четврток, 24 април, пренесува „Ју-ен-ен“.

„Украина и САД ќе потпишат договор за минерали следниот четврток“, рече Трамп.

Администрацијата на Доналд Трамп со месеци преговара со Украина за широк договор кој вклучува експлоатација на ретки минерали, а САД бараат значителни права на пристап и контрола врз природните ресурси на Украина.

Украинската страна нагласува дека е постигнат „значаен напредок“ во преговорите, но дека се уште траат дискусиите за деталите и безбедносните гаранции.

Трамп го гледа договорот како начин за враќање на дел од средствата инвестирани во воена помош за Украина, додека украинскиот претседател Зеленски бара јасни безбедносни гаранции во замена за отстапки за ресурсите. Некои украински функционери изразуваат загриженост за американскиот притисок и можните максималистички барања од Вашингтон.

Договорот предизвика дискусии во Украина и меѓународните медиуми за економската и политичката независност на земјата и можните последици за украинската енергетска и рударска индустрија.

ИЗДВОЕНИ