За време на прославата на 17-годишнината од бракот: Сопругата на Брус Вилис се огласи со болна порака

137
Фото: EPA/JUSTIN LANE

Ема Хеминг, сопруга на Брус Вилис, призна дека има „тежина“ во срцето и стомакот.

Таа го направи тоа додека ја прославуваше нивната 17-годишнина од брак, и среде борбата на актерот со деменција.

Некогаш годишнините носеа возбуда – сега, ако бидам искрена, тие ги истакнуваат сите чувства, оставајќи ми тежина во срцето и стомакот“, напиша поранешната манекенка на Инстаграм.

Тој не разбира многу.

„Си давам 30 минути да седнам и да сфатам: „Зошто тој, зошто ние“. И да почувствувам гнев и тага“, напишала Ема.

Таа објави нивна архивска фотографија.

 

„Тогаш се свестувам и се враќам на она што е реалност. А тоа е безусловна љубов. Се чувствувам благословена што го знам тоа, и тоа е поради него. Би го направила тоа повторно и повторно“, тврди Ема.

Двојката почна да се забавува во 2007 година, седум години по разводот на Вилис со Деми Мур.

Тие се венчаа во 2009 година, а подоцна добија две ќерки.

Во март 2022 година, семејството на Вилис, вклучително и Мур, објави соопштение во кое открива дека Брус се повлекува од актерството откако му била дијагностицирана афазија.

Тоа е медицинска состојба која може да влијае на способноста на една личност да комуницира.

Една година подоцна, му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција.

 

ИЗДВОЕНИ