Легендарниот колумбиски напаѓач, Радамел Фалкао, преживеал вистинска драма, но на крајот приказната имаше среќен крај.

Во неговиот дом во Богода, имало голема драма кога дошло до истекување плин и се наполнила куќата со штетни гасови. Во тој момент, сопругата на Радамел, Лорелеј Тарон, и петте деца добиле труење и итно биле хоспитализирани. Во куќата до нив престојувале неговите двајца братучеди, а ги спасила куќната помошничка, која навреме реагирала и ја ставила ситуацијата под контрола.

  • Го вклучивме грејното тело, немаше оџак и нè затру јаглерод моноксидот. Поминаа многу часови откако ја вклучивме, мислевме дека е во ред мирисот. Госпоѓата, која ни помага во куќата, почна да вика да излеземе надвор. Во тој момент, мирисот беше неподнослив. Анет плачеше, Џедај спиеше, а јас го видов светот наопаку. Анет и јас имавме најсилни симптоми, а подоцна и другите се чувствуваа лошо, повраќаа и имаа главоболки – истакна сопругата на Фалкао.

Поради тешката ситуација, легендарниот фудбалер минатиот викенд не настапи за својот Милионарис и им се заблагодари на навивачите за поддршката, упатувајќи големо извинување.