Општина Центар соопшти дека за три години биле доделени 376 субвенции за велосипеди, 47 субвенции за е-велосипеди и е-тротинети, како и седум субвенции за дополнителна опрема.
Оттаму додаваат дека е во тек нов повик за ваков вид субвенции. Притоа, од Општината ги повикуваат центарци да аплицираат на повикот.
– Ајде заеднички да поддржиме одржлив транспорт и да го намалиме сообраќајниот метеж. Со повеќе велосипеди градиме поздрава и попријатна средина за сите нас. Овие субвенции се дел од нашите заложби за подобар квалитет на животот во централното градско подрачје – истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.