Скратената ротација на Денвер Нагетс го принуди тимот да донесе играч од развојната Џи-лига, па така Спенсер Џонс, еден ден пред натпреварот против Голден стејт, играше во шампионатот на таленти.

Денвер без Никола Јокиќ и Џамал ​​Мареј го надигра Голден стејт, приредувајќи големо изненадување и оствари победа во борбата за што подобро место во поредокот во пресрет на НБА плејофот.

Поради отсуството на двајцата најдобри играчи на Нагетс, можност добија играчи со нешто помала минутажа, а особено се истакна Спенсер Џонс, кој првпат доби посериозна шанса на големата сцена.

Момчето родено во Канзас помина речиси 19 минути на теренот и за тоа време постигна шест поени, заедно со еден скок и една асистенција, украдена топка и блокада. Сепак, оваа партија добива на значење ако се земе предвид фактот дека Џонс пристигна во арената во Сан Франциско, речиси директно од авион.

Имено, Спенсер во претходните два дена одигра два последователни натпревари за Гранд Рапидс во Џи-лигата и беше принуден да „фати“ авион од Портланд за Минеаполис, а потоа уште еден лет за Сан Франциско.

  • Се разбудив околу 6:30, бев на аеродромот во 7, летав за Минеаполис, имав половина час чекање, потоа летав четири часа и стигнав овде околу 3. Потоа одморив еден час, по што ги правев тренинзи за натпреварот, ја сподели Џонс својата приказна.

Потоа, Џонс беше запрашан дали верувал дека за толку кусо време ќе биде дел од ростерот на играчи, односно дека ќе ги добие првите минути во НБА лигата.

  • Околу час и половина пред натпреварот дознав сè. Тренерот Сондерс дојде до мене и ми рече: „Еј, играш вечерва“. Мислев дека се шегува со мене. Морав да го прашам три пати за да бидам сигурен. Беше одлично, додава Џонс.

Спенсер има 23 години, а на 30 јули 2024 година потпиша двонасочен договор со Денвер, поради што најголемиот дел од времето го поминува во развојната Џи-лига како член на Гранд Рапидс.

ИЗДВОЕНИ