Граѓанското здружение Мост солидарност од Нови Сад денеска соопшти дека испратило петиција до Железничката инфраструктура на Србија со апел часовникот на железничката станица во тој град трајно да покажува 11:52, моментот кога бетонската настрешница на таа зграда се урна на 1 ноември, при што загинаа 14 лица, a тешко се повредени три лица.
Во соопштението наведуваат дека со овој симболичен гест „ќе се реализира трајно сеќавање на загинатите и ќе се подигне своевиден споменик на жртвите од трагедијата“.