За Светскиот ден на уметноста, заеднички перформанс на уличните музичари, акробати и танчари

18

Уличните уметници, музичари, акробати, танчари и перформери ќе можат да аплицираат на јавниот повик што го објави Општина Центар за финансиска поддршка на проектот „Светски ден на уметноста“, кој ќе се одржи на 15 април.

Од Општината велат дека тоа ќе им овозможи на уличните уметници – музичари, акробати, танчари и перформери да го претворат јавниот простор во сцена за креативно изразување.

Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите уметници да аплицираат и заеднички да се одбележи овој значаен светски ден.

– Општините со силна уметничка сцена имаат силен идентитет. Уличната уметност е душата на урбаната култура, а ние сме тука да ја поддржиме и славиме. Ги повикувам сите центарци да се пријават на повикот. Уметноста има моќ да ги поврзува граѓаните, да поттикнува емоции, да создава заедништво и токму затоа со овој повик ја отвораме сцената за сите улични уметници – изјави Герасимовски.

Јавниот повик е наменет за регистрираните здруженија, организации и правни субјекти што дејствуваат на полето на културата и уметноста, со седиште во Општина Центар. Вкупните средства за поддршка изнесуваат 400.000 денари.

 

 

ИЗДВОЕНИ