Одредени хороскопски знаци се вистински „мајстори“ во пронаоѓањето причини за бес. Некои луѓе лесно можат да ги преболат ситниците, но овие знаци сериозно ја сфаќаат секоја ситница и нема да се двоумат да ја покажат. Со нив секој ден е нова можност за недоразбирање, бидејќи никогаш не се знае што може да им пречи. Во продолжение ви ги откриваме најголемите лутковци во зодијакот.
Девица
Девиците се неверојатно аналитички и перфекционисти до срж, па кога работите не одат според планот или кога некој ќе направи и најмала грешка, веројатно ќе се налутат. Без разлика дали се работи за несовршен распоред, задоцнување од неколку минути или погрешен избор на зборови, Девицата ќе забележи и ќе се замери со сè. За нив малите нешта се важни бидејќи веруваат дека токму деталите ја прават разликата помеѓу редот и хаосот. Ако некој им згреши, нема лесно да го заборават. Девицата има неверојатна меморија за малите нешта кои ги нервираат. Кај нив најдобро е се да држите под контрола и да не ризикувате неред, бидејќи во нивните очи секоја „мала“ работа има големо значење.
Скорпија
Скорпиите се страствени и интензивни, а кога нешто ги боли или вознемирува, тие тоа го сфаќаат многу лично. Нивната чувствителност е исклучително силна, па дури и суптилните знаци на непочитување можат да го предизвикаат нивниот гнев. Невнимателен коментар или недостаток на внимание може да ги повреди, а нивната реакција не е само лутина. Нивната природа е таква што, откако ќе им замерите, тешко е повторно да ја заслужите нивната доверба. Со нив треба да бидете внимателни и одмерени, бидејќи Скорпијата не заборава така лесно, а нивниот гнев често се претвора во вистинска емотивна бура.
Рак
Раковите се познати по својата чувствителност и емотивна природа, а кога нешто им пречи, тоа многу брзо ќе го покажат. За нив е важно да се чувствуваат ценети и сакани, па секое мало недоразбирање или недостаток на внимание може да предизвика лавина од чувства. За Раковите секој гест и збор има значење, па лесно ќе се навредат доколку почувствуваат дека некој ги запоставува или не им покажува доволно внимание. Тие се како нежно растение кое треба внимателно да се негува, бидејќи и најмало невнимание може да ги повреди. Откако ќе се навредат, Раковите можат долго да ја држат лутината, бидејќи за нив огорченоста не е минлива, тоа е нешто што бара сериозно извинување и доказ за промена.