За смртта на близнаците од Прилеп, дисциплинска и прекршочна за лекарите

Објавен извештајот од вонредната контрола во болницата

735

Инспекторатот и нареди на болницата во иднина задолжително да го известува Центарот за социјални работи кога пациентот или родителот сака да замине од болничко лекување, нужно по здравјето и животот, што не беше случај со двете несреќни бебиња, за што инспекторатот ќе спроведе и прекршочна постапка. Весникот ВЕЧЕР по консултациите што ги направи со гинеколози од неколку клиники пишуваше дека во случај кога се работи за сериозни случаи како тој во Прилеп, докторите требало да ги известат социјалните работници кои ќе повлијаат врз одлуката на мајката, таа да замине дома со предвреме родени бебиња со тежина од 1.970 и од 1.780 грама.

Ќе се испитува дисциплинска одговорност кај лекарите кои ги лечеле и испишале од родилиште близначињата од прилепското село Славеј, а кои дваесетина дена од нивното раѓање починаа од премрзнатост, одлучи Државниот здравствен и санитарен инспекторат по вонредната контрола во болницата во Прилеп. Инспекторатот и нареди на болницата во иднина задолжително да го известува Центарот за социјални работи кога пациентот или родителот сака да замине од болничко лекување, нужно по здравјето и животот, што не беше случај со двете несреќни бебиња, за што инспекторатот ќе спроведе и прекршочна постапка.

-Во врска со исписот од установата, од страна на докоторите од неонатолошкото одделение добиен е податок дека мајката инсистирала на испис на новородените и покрај нивното убедување дека треба да останат во установата се нивно целосно адаптирање. И покрај тоа новородените на барање на мајката и со нејзин потпис, испишани се од установата со  препорака за доење, витамин Д3 и контрола кај педијатар поради мала тежина. Од страна на установата, во врска со предвремениот испис на новородените, не е доставено известување до надлежниот Центар за социјални работи, утврдил инспекторатот

Весникот ВЕЧЕР по консултациите што ги направи со гинеколози од неколку клиники пишуваше дека во случај кога се работи за сериозни случаи како тој во Прилеп, докторите требало да ги известат социјалните работници кои ќе повлијаат врз одлуката на мајката, таа да замине дома со предвреме родени бебиња со тежина од 1.970 и од 1.780 грама.

-Новородените прегледани се од неонатолог, веднаш се ставени во инкубатор првично со кислородна поддршка. Во текот на престојот во установата, на новородените се секојдневно им се следени виталните и биохемиските параметри, давана им е антибиотска и друга терапија вклучително со фоторетапија  заради појава на неонатална жолтица. Во однос на исхрана, првично се хранети со сонда за да последните денови од престојот во установата бидат префрлени на мајчино млеко. За време на престојот во установата се до 10.01.2025 година на денот на испис, новородените биле постојано во инкубатор, констатира инспекторатот во извештајот по кој сега треба да се формира и стручна комисија од Министерството за здравство која треба да утврди дали новороденчињата биле соодветно лечени.

Извештајот од здравствениот инспекторат ќе биде испратен и во Обвинителството во Прилеп каде се чека на обдукцискиот наод за сртта на новороденчињата. Надлежниот обвинител треба да ги испрашува лекарите и сестрите кои учествувале во породувањето и лечењето на бебињата. Предистрагата треба да ја опфати и мајката на која ова и било четвртта бременост и која покрај укажувањата од лекарите за ризикот по здравјето на нејзините новородени таа инсистирала со нив да замине дома. Останува и прашањето дали мајката и бебињата биле посетени од патронажна служба на која ѝ било обврска првата посета на новородено и родилка да го направи првиот ден од излегување од родилиште. Што се случило во домот на семејството сабајлето на 16 јануари, ако Центарот за социјални работи тврди дека по увидот направен по информацијата за смртта на бебињата,  затекнале затоплена просторија и непостоење на социјален ризик, а болницата констатирала смрт кај женското од премрзнатост одговор треба да дадат надлежните институции.(П.А)

 

ИЗДВОЕНИ