Во јули оваа година, Клуни објави коментар во Њујорк Тајмс во кој се нафрли на Бајден и рече дека ќе мора да се откаже од трката за нов мандат бидејќи „тој повеќе не е истата личност“.
Корисниците на социјалните мрежи сега го прозиваат и тврдат дека „Трамп треба да му се заблагодари нему и на луѓето како него“.
Клуни беше домаќин на акцијата за собирање средства во Лос Анџелес во јуни, две недели пред лошиот настап на 81-годишниот Бајден во дебатата со Доналд Трамп.
„Страшно е да се каже, но Џо Бајден со кој бев пред три недели на собирање средства не е истиот Џо Бајден од 2010 година. Тој не беше ни Џо Бајден од 2020 година. Тој беше истиот човек што го видовме на дебатата“, напиша Клуни во Њујорк Тајмс.
„Дали беше уморен? Да. Дали беше настинат? Можеби. Но, нашите партиски лидери треба да престанат да ни кажуваат дека 51 милион луѓе не го виделе тоа што го виделе“, додаде Клуни.
„Трамп не треба да заборави да им се заблагодари на познатите личности во Холивуд. Особено Џорџ Клуни“, гласеше еден од коментарите на X.
„Дали Клуни се предомисли, коментираше друг корисник на Х, мислејќи на молкот на Клуни на социјалните мрежи по изборната победа на Трамп?
„Бидејќи сум длабоко депресивен и сакам да се истресам на некого, каков е планот сега, Џорџ Клуни?, додаде уште еден корисник на X, а другите се согласија: „За сè е виновен Џорџ Клуни?“