Шминкерката Лиза Ким (27) од Мелбурн стекна популарност благодарение на нејзините исклучително сложени 3Д дизајнирани нокти, за кои може да бидат потребни и до 14 часа работа. Цената на нејзините дела, поради нивната уникатност и прецизност, понекогаш се движи околу неверојатни 1.800 долари.
Таа ја започна својата кариера во 2022 година, во почетокот користеше само еднобојни лакови. Но, набрзо сфатила дека за да се истакне, ќе мора да размислува надвор од кутијата. „Од самиот почеток сакав да станам препознатлива во Мелбурн по оригиналниот и храбар дизајн“, вели Лиза.
„Потребен беше многу труд и работа за да се дојде до овој момент, а јас сум среќена што имам клиенти кои ми веруваат“, додава таа.
Лиза работи меѓу два и четиринаесет часа, а цената зависи од сложеноста на дизајнот. Во просек, таа наплаќа меѓу 110 и 140 долари за еден час работа. Сепак, во зависност од сложеноста на работата, цената може значително да се зголеми.
Лиза постигна успех откако ја напушти работата во казиното и реши да се посвети на маникир. Посетувала курс за маникир и започнала сопствен бизнис. „Не сакам да правам ништо обично. Сакам да ги шокирам луѓето со креативност“, објаснува таа.
„Почнав за време на пандемијата со КОВИД, што ми овозможи целосно да се посветам на работата“, вели Лиза.
За Лиза секој дизајн е предизвик. Често работи на лице место, импровизирајќи според идеите што ги имаат клиентите, а инспирацијата ја црпи од модните писти. „Сакам да ме инспирираат модните ревии, особено работата на Александар Меквин. Неговиот дизајн е често мрачен, „напнат“ и секогаш раскажува приказна. Тоа е она што сакам да го постигнам со моите дела“, објаснува Лиза, а пренесува NY Post.
Во просек, Лиза има по еден или двајца клиенти неделно, додека остатокот од времето го посветува на промоција на социјалните мрежи и соработка со брендови. Може да заработува од 8.000 до 9.000 долари месечно.