По повеќе од 100 години, Меѓународната шаховска федерација ќе има двајца светски шампиони. Тоа ќе бидат Норвежанецот Магнус Карлсен и Русинот Јан Непомњаски.
Во Њујорк се одржа турнир во шах, а ќе остане запаметен по посебен момент – фактот дека на крајот има двајца шампиони. Во финалниот меч, шахистите одиграа седум поврзани партии. Првите две му припаднаа на Карлсон, вторите две на Непомњански. Следните три завршија нерешено, па немаше многу други идеи освен да се прогласат двајца победници.
„Игравме многу долго. Мислам дека ова е разумна одлука“, изјави Карлсен по финалето. Сепак, не сите веруваат дека овој преседан бил неопходен, па американскиот шахист Ханс Ниман го искажа своето мислење.
“Светскиот шах официјално стана шега. Ова никогаш не било направено во историјата. Не можам да верувам дека сите официјални одлуки во шахот ги контролира еден човек, а по втор пат оваа недела. Може да има само еден светски шампион “, рече Ниман.
Оваа изјава веројатно се однесуваше на еден од освојувачите на титулата, поточно на Карлсен. Норвежанецот претходно беше дисквалификуван од турнирот поради непочитување на дрес кодот, односно носење фармерки на состанокот, но на крајот ФИДЕ ја повлече одлуката.