За Први мај многу сонце, малку облаци

31

Следната недела времето ќе се стабилизира, прогнозира српскиот метеоролог Иван Ристиќ и додава дека за провомајските празници ќе има многу сонце и малку облаци.

– Највисоката температура постепено ќе се зголемува за првомајските празници и ќе се движи од 23 до 27 степени Целзиусови, најавува тој, пренесуваат српските медиуми.

Но, од недела, 4 мај, се очекува дестабилизација и повторно дожд, грмотевици, а во некои случаи дури и град и лапавица.

Претходната прогноза укажуваше на тоа дека за Први мај би можела да се отвори и „Виенската порта“ што би донело посилно заладување. Новата прогноза сепак е оптимистичка за оние кои сакаат да празнуваат на отворено.

ИЗДВОЕНИ