За прв пат хрватските лекари на еден пациент истовремено му пресадиле пет органи

368

Во Клиничката болница во Хрватска во последната недела се извршени 12 трансплантации на органи кај седум приматели, меѓу кои и првата трансплантација на пет органи кај еден пациент.

Тој пациент добил желудник, тенко и дебело црево, црн дроб и панкреас.

Овој тип на операција се прави само во 11 европски центри, а годишно во цела Европа се прават десет такви операции“, изјави директорот на болницата Марио Старешиниќ.

Пациентот кој доби пет органи е роден во 1969 година, добро закрепнува и неговата состојба со недели ќе ја следи тим од лекари: анестезиолози, хирурзи, интернисти, гастроентеролози, нефролози, патолози и радиолози.

Тој боледува од тромбофилија од која имал стомак полн со дебели садови и минимум едно внатрешно крварење дневно, поради што единствената опција била трансплантација. Оваа операција беше и ретрансплантација бидејќи пациентот веќе доби црн дроб во 2023 година.

“Ова е успех на целиот тим. Кога ќе започне трансплантацијата, немате многу време. Сите ние, од возачите кои ги транспортираа органите од Осиек до хирурзите, моравме да бидеме совршено координирани. Успеавме да направиме се за помалку од шест часа“, изјави Стипислав Јадријевиќ, водачот на тимот што ја изврши операцијата пред три дена.