Комерцијална банка изврши измена на Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши. Според известувањето од банката до своите корисници се наведува дека надоместоците кои ќе започнат да се применуваат од 1 декември 2024 година.

Притоа, одржување платежни сметки со промет во тековниот месец банката ќе наплати 40 денари месечно, додека одржување платежни сметки на кои има прилив по основ на пензија ќе изнесува 30 денари месечно.

Исто така, банката извести дека заради усогласување со новата регулатива донесена од Народната банка, која почна да се применува од 1 октомври 2024 година и важи за сите банки во земјава, со цел подобра заштита на клиентите, е воведен метод на засилена автентикација.

– Овој метод ќе Ви овозможи да ја користите Интернет банка со дополнителни безбедносни мерки. За непречено и безбедно да користите Интернет банка, Ве информираме дека е потребно во најкус можен рок да ја активирате бесплатната дигитална алатка мТокен на Вашиот мобилен уред преку мобилната апликација мБанка. Со мТокен лесно и безбедно ќе вршите потврда на својот идентитет, како и финансиски и нефинансиски трансакции преку Интернет банка – информираа од Комерцијална банка.