За нови изборни правила се зборува само пред избори

ПРОМЕНИТЕ ВО ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК УШТЕ ВО ФАЗА НА „КОНСУЛТАЦИИ“

11
Сè уште не е донесен став на партиите во однос на тоа како ќе се однесуваат кон предлозите што преклани беа дефинирани од работната група предводена од поранешниот претседател на ДИК, Александар Новакоски. Според неофицијалните сознанија, темата за промените во Изборниот законик со кој се регулираат правилата за одржување на парламентарните, претседателските и на локалните избори сè уште не е предмет на поинтензивна комуникација меѓу партиите. Од оваа причина, во овој период не се знае дали ќе се пристапува кон менување на правилата и кој би требало да ги подготви.

 

Политичките партии допрва ќе треба да решаваат дали и што ќе менуваат во Изборниот законик, кој треба да се применува на претстојните октомвриски локални избори. Од Министерството за правда вчера изјавија за весникот ВЕЧЕР дека „се во фаза на консултации околу процесот за подготовка на предлог изборен законик, а за што рокот е јуни годинава“.

Според неофицијалните сознанија, темата за промените во Изборниот законик со кој се регулираат правилата за одржување на парламентарните, претседателските и на локалните избори сè уште не е предмет на поинтензивна комуникација меѓу партиите. Од оваа причина, во овој период не се знае дали ќе се пристапува кон менување на правилата и кој би требало да ги подготви.

Меѓународните посматрачи, по ланските парламентарни избори, имаа сериозни забелешки поради тоа што во Изборниот законик не се вградени бројните промени што ги предложи посебната работна група предводена од поранешниот претседател на ДИК, Александар Новакоски. Предлогот постојното партиско рекламирање во медиумите да се плаќа со државни пари беше еден од клучните делови што треба да бидат променети. Новите измени што ги предложи таа работна група се однесуваа и на рестрикции во изборниот процес за одобрување инфраструктурни проекти, водоводи, спортски игралишта, забрани за субвенции, еднократни исплати, како и за вработувања и исплати кон граѓански здруженија и други правни и физички лица, регулирање на порталите во однос на нивната регистрација – најмалку една година пред изборите, измени околу Управниот суд за заштита на избирачкото право… Александар Новакоски неодамна изјави за весникот ВЕЧЕР дека речиси ништо од нивните предлози не било прифатено и изгласано како промена во Собранието.

Од Министерството за правда ни рекоа дека работната група што беше формирана на чело со Новакоски, имала мандат единствено да ги имплементира препораките од ОБСЕ/ОДИХР.

– Таа немаше мандат паралелно да работи на нов изборен законик. Министерството за правда по формирањето на работната група во 2023 година одржа бројни состаноци и достави нацрт-верзија. На 12.12.2023 година, со допис до сите парламентарни политички партии, го доставивме предлог- законот заради негово процесирање во натамошна процедура во Собранието. Собранието ја имаше главната одговорност за донесување на овој законик од причина што за него беа потребни силен национален придонес и консензус меѓу политичките партии. Основна цел на предлагањето на овој закон беше исполнување на обврските што произлегуваат од членството на ОБСЕ, меѓународните обврски и добрите практики, особено во поглед на тоа што Изборниот законик треба сеопфатно да се ревидира за да се осврне на идентификуваните недостатоци, пропусти и недоречености. Предлог-измените на Изборниот законик беа донесени на 7.3.2024 година и во него беа содржани дел од решенијата што ги предложи работната група и што беа составен дел од предлог изборниот законик – се наведува во одговорот на Министерството за правда.

Ова значи дека сè уште не е донесен став на партиите во однос на тоа како ќе се однесуваат кон предлозите што беа дефинирани од работната група. Односно, партиските претставници ќе треба да решат и дали оваа група ја завршила задачата и дали ќе се формира нова работна група што ќе се занимава со промените во Изборниот законик. Прашањето е, исто така, во која димензија ќе се оди со промените во изборното законодавство, а околу што не смее да се дозволи промените да се прават набрзина. (Б. Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ