За нив сепак има надеж? Швајнштајгер побарал развод, но Ана Ивановиќ сака да го спаси бракот

1563
EPA/JENS KALAENE

Тие се венчаа на 12 јули 2016 година во Венеција, Италија, на интимна церемонија која дојде неколку месеци откако Ивановиќ ја заврши својата професионална тениска кариера.

Бастијан Швајнштајгер, според Курир, поднел барање за развод од Ана Ивановиќ, со што решил да стави крај на нивниот десетгодишен брак.

Приказните за раскинувањето на српската тенисерка и поранешниот германски фудбалер повеќе од една недела доминираат во медиумските извештаи во Германија, Србија и ширум светот, а секојдневно се појавуваат нови информации.

Според последните информации, токму Швајнштајгер го направил првиот чекор и решил да стави крај на бракот.

Ниту тој ниту Ана Ивановиќ сѐ уште немаат дадено изјави на социјалните мрежи или преку нивните ПР тимови, но нивните најблиски пријатели и членовите на семејството се добро запознаени со сите детали од ситуацијата.

-Точно е тоа што се зборува, дека Ана на секој начин се трудела да го спаси бракот. Токму Бастијан ѝ предложил дека е најдобро тие двајца да се разделат мирно и пријателски. На тенисерката и беше тешко, но таа го прифати и се помири со фактот дека љубовта изумре. Бастијан предложил целата постапка да се регулира со нивните адвокати и процесот е во тек – тврди близок пријател на семејството Ивановиќ од Белград.

И покрај сѐ, многумина кои ја следат поранешната славна тенисерка забележале дека на нејзиниот Инстаграм профил сè уште има албум наречен „Хаби“, кој содржи бројни фотографии со фудбалерот.

Романтичарите меѓу следбениците се убедени дека тоа е знак дека Ивановиќ сè уште го третира Бастијан како брачен партнер и дека има шанси да не дојде до развод.

Почетокот на врската помеѓу Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер беше романтичен и брз. Двојката ја започна својата врска во септември 2014 година, а набргу потоа Швајнштајгер ја запроси Ивановиќ во парк во лондонскиот Нотинг Хил.

Тие се венчаа на 12 јули 2016 година во Венеција, Италија, на интимна церемонија која дојде неколку месеци откако Ивановиќ ја заврши својата професионална тениска кариера.

ИЗДВОЕНИ