Во Истанбул за месец и половина загинаа 37 лица поради консумирање несертифицирани, фалсификувани алкохолни пијалоци, а во врска со тие инциденти се приведени 36 осомничени, јавуваат денеска турските медиуми.
Поради овој проблем, инспекциските екипи годинава надгледувале 1.002 работни места, а 32 фирми се казнети со вкупно 2.662.000 турски лири (околу 72.500 евра), пишува турскиот весник „Милиџет“.
„Запленети се околу 15.000 шишиња лажен алкохол.
Покрената е истрага против 36 осомничени за можноста да снабдувале наши граѓани со лажен алкохол и да предизвикале нивно труење, а 14 од нив се уапсени“, изјави гувернерот на Истанбул Давут Ѓул, пренесува Танјуг.