За монструмот од Цетиње кој уби 12, а рани четири лица бил побаран психијатриски преглед!

66
EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Ацо Мартиновиќ (45) од Цетиње, кој во тој град уби 12 и рани четворица, во 2005 година е осуден за насилничко однесување. Полицијата и претходно забележала асоцијално однесување кај него и побарала психијатриско вештачење. На Мартиновиќ тогаш му била препишана терапија во Здравствениот дом, но не бил упатен во специјализирана здравствена установа, пишува РТЦГ.

Ова вчера на прес-конференција го соопшти ВД директорот на Полициската управа (УП) Лазар Шќепановиќ.

Зборувајќи за профилот на масовниот убиец, Шќепановиќ рече дека Ацо Мартиновиќ, роден 1979 година во Цетиње, се занимавал со поправка и бојадисување автомобили. Бил неженет, без деца и живеел сам.

Шќепановиќ рече и дека, според официјалните податоци на Полициската управа, убиецот не се сметал за лице од оперативен интерес.

„Тој е евидентиран како сторител на кривични дела со елементи на насилство. Поточно, во 2005 година тој беше законски осуден за насилничко однесување на К.Д., кога судот го осуди на тримесечна условна затворска казна, објави вчера Шќепановиќ.

Во текот на 2022 година, службеници на Полициската управа имале оперативни сознанија дека Мартиновиќ нелегално поседувал огнено оружје.

Според Шќепановиќ, полицијата извршила претрес во семејната куќа на Мартиновиќ на 28 ноември 2022 година, при што пронашле две воздушни пушки, 43 парчиња куршуми со различен калибар, една голема рачна експлозивна направа со голема разорна моќ и комплет за чистење на огнено оружје.

„За ова кривично дело убиецот првостепено е осуден на тримесечна затворска казна, пресудата не стана правосилна, за КД 403 (неовластено држење оружје и експлозивни материи), а жалбената постапка се води во Вишиот суд во Подгорица“, рече вчера Шќепановиќ.

Полицијата тогаш, како што вели, го препознала асоцијалното однесување на ова лице, по извршениот претрес и разговор и затоа покренала барање до Здравствен дом Цетиње за психијатриски преглед, согласно Законот за заштита и остварување на правата на ментално болните.

„Ова лице веднаш по претресот е однесено во Министерството за здравство, каде, според добиените информации, на лицето му е препишана терапија во Здравствен дом и во таа прилика не е упатена во специјализирана здравствена установа“, заклучува Шќепановиќ.

Шќепановиќ изјави и дека на крвавото злосторство во Цетиње му претходела тепачка во кафаната „Велестово“.

„Вербалниот инцидент се случил откако овие лица поминале неколку часа во локалот при што присутните конзумирале алкохол. По вербалната расправа, околу 17.15 часот, убиецот со возило се оддалечува во непознат правец, зема огнено оружје, каде со истото се враќа, а во временскиот период од 17.21 до 17.24 часот почнува крвавото злостоторство во меаната „Велестово“, рече Шќепановиќ.

Што се однесува до односот на Мартиновиќ со жртвите, тој ја убил сопствената сестра со која имал добри односи и ја дочекал Новата година со неа.

„Потоа им ги одзедл животите на четворица членови на семејството Мартиновиќ, со кои имал кумски односи. Убил и две деца и братот на кафанџија. Повеќето од жртвите се, значи, познаници, пријатели, кумови и роднини на убиецот“, заклучи вчера Шќепановиќ.

ИЗДВОЕНИ