За луксузниот „аурус“ што Путин му го подари на Ким користени се јужнокорејски делови?

204
EPA-EFE-KRISTINA-KORMILITSYNA

Јужнокорејски делови биле користени за производство на лимузината Аурус што рускиот претседател Владимир Путин му ја подари на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на минатонеделната посета на Пјонгјанг, покажуваат податоците до кои дојде агенцијата Ројтерс.

Луксузниот седан имаше за цел да ја покаже намалената зависност на Русија од увезената технологија кога беше претставен во 2018 година, меѓутоа, царинските записи покажуваат дека компанијата го изградила користејќи увезени делови во вредност од милиони долари, од кои многу доаѓаат од земјата што Ким ја назначи како негов главен непријател – Јужна Кореја.

Увозот укажува на континуираното потпирање на Русија на Западот и нивната технологија, бидејќи Москва се обидува да ги контролира и ублажи обидите на Западот да ја исклучи од глобалните синџири на снабдување, казнувајќи ја за нејзиниот напад врз Украина.

Путин му подари на Ким луксузен „аурус“ и сервис за чај, за возврат „добил убави подароци“