За кралот Чарлс 2025 ќе биде тешка година: Неговите проблеми сѐ уште не завршија, најважната битка допрва доаѓа

176

Лекувањето на кралот Чарлс, кому на почетокот на оваа година му беше дијагностициран рак, ќе продолжи во текот на 2025 година.

Извори од Бакингемската палата изјавија дека третманот на кралот Чарлс „се движи во позитивна насока“, и дека „како контролирана состојба циклусот на лекување ќе продолжи и во следната година“. Изворите додаваат дека постои оптимизам, а тоа се гледа и од желбата на кралот Чарлс да продолжи со голем број јавни обврски, вклучително и оние за време на празниците, SkyNews.

Бакингемската палата во февруари објави дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак и дека започнува со лекување. На самиот почеток, кралот донел одлука отворено да зборува за својата дијагноза и искуство, верувајќи дека тоа може да им помогне на другите кои страдаат од оваа тешка болест.

Третманот трае долго време
Но, до ден денес не се знае точно од кој рак боледува, а тоа наводно се крие за да не се намали вниманието на други видови на рак и болести. Исто така, не се открива на каков третман се подложил кралот, но се знае дека редовно одел кај приватни лекари во Лондон.

Дамата Лора Ли, извршен директор на добротворната организација за рак Меги, чиј покровител е кралицата Камила, рече дека е многу вообичаено лекувањето да трае многу долго.

-Како третманот низ кој помина принцезата од Велс, кој е интензивен период на лекување една година, а потоа се доаѓа до точка кога е готово, а таа сега се опоравува од некои последици од нејзиниот третман. Значи имаме имунотерапија, хемотерапија, хирургија, хормонска терапија. Постојат различни видови на третмани. И затоа воопшто не е изненадувачки – изјави Ли.

ИЗДВОЕНИ