Претседателот на босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик го коментираше вчерашниот инцидент со автомобилот во сопственост на српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесува Кликс.
Додик рече дека се слушнал со Вучиќ, а најважно е што е добро и дека го задржал позитивниот дух.
Тој нагласи дека верува оти инцидентот може да е дел од активностите на странците кои вршат „шарени револуции“.
„Во ваква ситуација се мисли дека има некои сили кои можеби сакаат да ја решат ситуацијата на овој начин и дека ова е дел од, што во крајна линија, е продолжение на она што некои би можеле да го наречат, шарена револуција, која понекогаш не е успешна“, рече Додик.
Сметам, вели Додик, дека тоа се значајни активности што ги вршат одредени структури на странскиот фактор.
Инаку, вчера додека возел кон Мокрин, од автомобилот во кој се наоѓаше српскиот претседател Александар Вучиќ испадна тркало, но возачот успеа да ја задржи контролата и да ги притисне сопирачките.