За гроб плаќаат милиони евра зашто веруваат дека таму ќе се случи страшниот суд и Исус ќе ги оживее

Евреи од целиот свет бараат да бидат закопани на најголемите и најскапите гробишта близу Ерусалим

94

Интересно е што од овој дел на Маслиновата Гора се гледаат Ѕидот на плачот, куполата на карпата и црквата на Христовиот гроб – трите најсвети места за Евреите, муслиманите и христијаните во Светата земја. На тие гробишта меѓу другите, почиваат израелскиот премиер Менахем Бегин, израелскиот писател Шмуел Јосеф Агнон, арапскиот научник Леви Билиг, израелскиот архитект Јосеф Шенбербер, многу рабини…

 

Во долината Кeдрон, во близина на Ерусалим, во Маслиновата Гора, место од каде што Светиот Град се гледа како на дланка, се наоѓаат најскапите гробишта на светот. Тоа се најстарите, но и највредните еврејски гробишта на планетата. Во нив има  повеќе од 150.000 могили, а денеска вредноста на една гробница достигнува неколку милиони евра.

Таа фантастична цена произлегува од религиозното верување дека токму таму ќе се случи страшниот суд, по второто Христово доаѓање, односно парусијата. Се верува дека тогаш праведниците ќе наследат вечно блаженство во Царството Божјо и ќе одат во рајот, додека другите, кои ги прекршиле Божјите закони во  земниот живот, ќе завршат во пеколот. Исто така, се верува дека оние кои се погребани токму на ова место ќе оживеат, кога Месијата повторно ќе слезе на земјата и веднаш ќе отидат со него во Царството Божјо.

Евреите го цитираат пророкот Јоил кој рекол дека „Бог ќе го собере народот во долината на Јосафат и секому ќе му суди според делата на овој свет“. Долината Јосафат не постои како топоним, ниту е спомената на картата на Светата Земја, но се знае дека се наоѓа недалеку од Ерусалим. Каде точно не е познато, но се верува дека тоа е токму местото каде што се наоѓаат најголемите и најстарите еврејски гробишта во светот. Исто така, муслиманите веруваат дека Страшниот суд ќе се случи на истото место, во долината Кидрон, на источните и јужните падини на Елеонската Гора.

Интересно е што од овој дел на Маслиновата Гора се гледаат Ѕидот на плачот, куполата на карпата и црквата на Христовиот гроб – трите најсвети места за Евреите, муслиманите и христијаните во Светата земја.

Многу угледни и богати Евреи кои живеат низ светот ги обврзуваат своите потомци да бидат закопани на местото каде што, според верувањата, ќе се одржи страшниот суд. Тука, меѓу другите, почиваат израелскиот премиер Менахем Бегин, израелскиот писател Шмуел Јосеф Агнон, арапскиот научник Леви Билиг, израелскиот архитект Јосеф Шенбербер, бројни рабини, како и Хенриета Шолд, која собирала пари од богатите Евреи во Америка за да изгради болница во Ерусалим, чија мисија е „да допре до сите, без разлика на раса, религија или етничко потекло“.

Маслиновата Гора е традиционални еврејско место за погребување уште од антиката, а денешниот главен дел од гробиштата е стар приближно пет века. Првпат го изнајмил ерусалимскиот исламски вакуф во 16 век. Овие гробишта Евреите ги сметаат не само за најголеми, туку и за најсвети.