За една недела, „пајакот“ подигнал 299 непрописно паркирани возила

19

Јавното претпријатие „Градски паркинг“ известува дека во периодот од 20.9 до 26.9.2024 година со специјалните возила „пајак“ биле подигнати вкупно 299 непрописно паркирани возила.

-Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 45 се отстранети од зонските паркиралишта, а останатите 254 возила се по налог на сообраќајната полиција, по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообрќајните знаци – соопштија од претпријатието.