За една недела, во кол-центарот на штипското комунално јавно претпријатие „Исар“ имало 148 јавувања од граѓаните. Од ЈП ,,Исар“ соопштија дека повиците за пријавување дефекти и проблеми за чие решавање се надлежни тие, биле на телефонскиот број 032/609-555, кој функционира од минатата среда, како контакт-центар и е наменет за поддршка на граѓаните и на правните лица.
– Најмногу јавувања од граѓаните, во рок од една недела, биле за истекување и затнување фекална канализација, додека правните лица најмногу го барат секторот финансии. Кол-центарот работи 24 часа, седум дена во неделата и граѓаните можат да се обратат за секој проблем или да добијат информации од секоја работна единица и сектор што е дел од ЈП „Исар“ – се наведува во соопштението од претпријатието.
Кол-ценатрот во ЈП „Исар“ беше отворен со цел граѓаните постојано да имаат можност да пријавуваат проблеми, дефекти, да пријавуваат за собирање кабаст отпад или слично.