Поранешната НБА ѕвезда Мет Барнс (44) повторно е во центарот на мега секс-скандал. Имено, неговата свршеница Ананса Симс пред неколку дена јавно го обвини дека само во јануари ја изневерувал со осум различни жени.
Таа ги прозва по име секоја од нејзините наводни „ривалки“ на Инстаграм, вклучително и ТВ старлети и реалити ѕвезди. Потоа ја избриша објавата, но предоцна. Инаку, Симс е модел и мајка на две деца, кои ги има со Барнс.
Самиот поранешен кошаркар не ги коментираше наводите, но според Симс, таа собрала докази за неговото неверство. На Инстаграм напиша дека имал афери со најмалку две жени повеќе од шест години. На крајот напиша: „Сите можете да го имате“.
Таа сподели и фотографија од себе и Барнс, пишувајќи: „Зошто Мет? Осум различни жени во јануари“.
Наводното неверство на Барнс е најновиот скандал во бурната седумгодишна врска. Двојката се запозна во 2018 година, а во декември го добија првиот син заедно. Но, по помалку од две години, Симс наводно поднела забрана доближување на поранешниот играч на Голден стејт (Барнс ја заврши кариерата во 2017 година) кога тие накратко се разделија. Една година подоцна, двајцата се помирија пред Барнс да ја запроси во 2022 година. Во септември 2024 година, Барнс и Симс го добија своето второ дете, повторно син. Но, само пет месеци подоцна, се чини дека двајцата тргнале по свој пат.
Барнс одигра 16 сезони за ЛА Клиперс, Сакраменто, Њујорк, Филаделфија, Феникс, Орландо, ЛА Лејкерс и Мемфис и дури двапати за Голден стејт.
Сепак, често запаѓаше во неволја надвор од кошаркарскиот терен. Во 2010 година беше уапсен под сомнение дека извршил семејно насилство врз неговата поранешна свршеница Глорија Гован.
Сепак, обвиненијата беа отфрлени откако Гован брзо негираше дека нејзиниот поранешен партнер некогаш бил насилен во нивната врска.