За дваесеттина од повредените во Кочани процесот за заздравување може да потрае и до две години, посочи министерот за здравство, Арбен Таравари, кој истакна дека во рамки на Министерството се споведуваат сите потребни активности за прифат и продолжена нега на сите повредени во несреќата.
– Направена е евалуација од експерти од Велика Британија за тоа колку време ќе е потребна за нивна рехабилитација. Веќе го имаме списокот на сите кои ќе бидат задржани подолго во странство. Го знаеме веќе и периодот колку би траела нивната рехабилитација, рече Таравари.
Тој рече дека времетраењето на рехабилитацијата варира, процесот на нивно заздравување би можел да трае меѓу еден до 24 месеци кај потешките случаи.
– На околу 20 пациенти ќе им е потребна продолжена рехабилитација…За нив се подготвува центар во рамки на болницата „8 Септември“. Имаме и понуди од неколку држави за бесплатна подолготрајна рехабилитација, рече тој.
Таравари посочи дека ќе се направат обиди да се обезбедат и средства за покривање на трошоците за престој на некој членови на семејствата на оние пациенти кои подолго време ќе останат на рехабилитација во странство.
Што се однесува на состојбата кај повредените во несреќата во Кочани, последните информации се дека од 47 пациенти кои се на лекување во странство само еден е во критична здравствена состојба.
– Едниот од двајцата кој беа критични, денеска е подобар и се надеваме дека состојбата ќе се подобрува, рече Таравари.
Притоа за најави враќање на еден од повредените во текот на денешниот ден.
Моментално во здравствените установи во земјата има пет хоспитализирани пациенти, по двајца во болницата „Свети Наум Охридски“ и во „Систина“, додека на Клиниката за пластична хирургија е хоспитализиран само еден пациент, а двајца се третираат амбулантски, односно се рехабилитираат во домашни услови, а доаѓаат на третман во клиничкиот центар.
Инаку, Државниот санитарен и здравствен инспекторат нема констатирано недостатоци согласно надлежностите и се предлага постапка за стручен надзор до Министерот за здравство, кој формираше стручна комисија за да ги испита сите детали за починатиот пациент на Државна кардиохирургија. Според таравари пациентот бил примен и со одлука на лекарите било одлучено конзервативно да се лекува. Вели дека за жал не знае што се случило и зошто настапила смрт кај пациентот и зошто семејството не дозволило да се изврши обдукција. Прашан за набавката на апаратот за ангиографија Кардиохирургија и зошто досега не бил ставен во функција, министерот рече дека секогаш се бара од клиниките да посочат какав апарат бараат.
-Одлучиле да набават апарат кој е и компјутерска томографија и ангиограф и вистина е дека побарале да се постави на шини за да биде посигурен и со тоа подобро сме со осигурале за да не биде за 2 или 3 тони колку што тежи. Точно не знам и сега тоа е направено и апаратот веќе е инсталиран, истакна Таравари.