
Поради нападот на деканката на Филозофскиот факултет во Ниш, Наталија Јовановиќ, за вечерва се закажани протести во Белград, Крагуевац, Ниш и Нови Сад, пренсе Н1.
Професорот на Филозофскиот факултет во Ниш, Душан Алексиќ, на прес-конференција во врска со нападот врз деканката Наталија Јовановиќ изјави дека само од чиста среќа инцидентот не завршил трагично.
„Но, ова е резултат на повеќемесечно таргетирање и понижување и понижување на академската заедница, чие слично не е видено во поновата историја. Нападот врз еден од нас е напад врз сите нас, благодарам на деканите и вработените што се тука“, рече Душан Алексиќ.
Во Белград денеска протест „Да го спасиме белградскиот научно-технолошки парк од грабежи“.
Студентите кои го блокираат Правниот факултет од денеска организираат Недела на хуманитарни претстави.