EPA-EFE/Alejandro Garcia

Сер Алекс Фергусон е еден од најдобрите и најуспешните менаџери во историјата на фудбалот, откако освои две титули во Лигата на шампионите и дури 13 титули во Премиер лигата. Сето тоа секако како менаџер на Манчестер Јунајтед кој го водеше од 1986 до 2013 година.

Под водство на Фергусон, Манчестер Јунајтед беше најдобриот тим во Англија и од кој стравуваа сите во Европа. Работејќи на „Олд Трафорд“, легендарниот Шкотланѓанец имаше можност да соработува со бројни врвни фудбалери меѓу кои Ерик Кантона, Кристијано Роналдо, Руд ван Нистерлој, Вејн Руни, Дејвид Бекам, Рајан Гигс, Рој Кин и многу други. Но, тешко му е кога ќе побараат од него да ги избере најдобрите 11.

  • Луѓето често прашуваат кој е најдобриот тим на Манчестер Јунајтед според мене. Тоа е апсолутно невозможно. Како да ги изберете најдобрите 11 кога имате напаѓачи како Кол, Кантона, Нистелрој, Саха, Солскер, Хјуз, Јорк, Шерингем и Роналдо, Руни, Ван Перси… Дали треба да набројувам уште? Добро, Кантона е еден, но кој е другиот?, праша Фергусон.

За разлика од нападот, во средниот ред му беше полесно.

  • Средниот ред веројатно беше малку полесен затоа што ги имате Рој Кин, Брајан Робсон и Сколс – тие беа фантастични играчи – и Дејвид Бекам, Роналдо и Гигс…, додале легендарниот Шкот.

Но, има само еден играч кој Фергусон го смета за недопирлив и кој има загарантирано место во својата 11-ка. Според него Ирвинг бил непогрешлив, односно му памети само една грешка во кариерата.

  • На „Хајбери“ лошо ја додаде топката во последната минута, а Денис Бергкамп потоа постигна гол. Една грешка за 10 години играње. Не е лошо!, изјави Фергусон.

Ирвин беше ирски репрезентативец со дури седум титули во Премиер лигата и една титула во Лигата на шампионите. Играше како лев бек, често беше и на десната страна, а во Манчестер дојде од Лидс. Играше и за Волверхемптон. Тој ја заврши кариерата во 2004 година со 328 натпревари во Премиер лигата и 18 гола со 24 асистенции.