Регресот за годишен одмор познат како К-15, за вкупно 84 илјади вработени во јавниот и приватниот сектор за годинава изнесува 11.000 денари, додека за вработените во приватниот сектор е околу 16.800 денари, што претставува 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци.

Според законските рокови, исплатата на К-15 може да почне од мај и да се изврпи најдоцна до крајот на годината. Работникот за да добие регрес мора да има најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај ист работодавец во тековната календарска година. Ова право го имаат и работниците што ја смениле работата, доколку претходно работеле непрекинато шест месеци кај истиот работодавец.

Предвидени се високи казни за работодавците што нема да исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени. Законот предвидува парични казни до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра се однесуваат на компанијата, а од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа. Со оваа мерка се очекува да се зајакнат правата на работниците и да се осигура исплатата на регресот, кој е значаен за финансиската сигурност на вработените во Македонија.