Директорот на ЈП „Железници инфраструктура на Македонија“, Синиша Ивановски, очекува за осум години брз патнички воз да се движи по нашите пруги со 200 километри на час, а товарен со 120 километри на час. Во вакви брзи возови, патувањето од Скопје до Солун ќе трае неполни два часа, што е многу побрзо отколку со автомобил или автобус.

– За два часа ќе се стигнува и до Белград, а притоа транспортот е поекономичен, побезбеден и поеколошки – изјави Ивановски за поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува’’.  

Тој додаде дека ситуацијата во железничкиот сообраќај е ваква каква што е, поради незаинтересираноста и немањето квалитетен кадар.

– Погрешни кадри, не мотивирани за работа, инспирирани од некои други дејствија, а не од општо добри дејствија. Такви директори, таков министер имале тогаш каде што железницата не им била во видокруг. Тотално заборавена и демотивирана и затоа ние после години и години немавме и меѓународна линија. Добар дел од возовите не биле во функција затоа што немале тркала. Толку звучи смешно, толку звучи несериозно – истакна Ивановски и дополни дека ова се случувало затоа што немало кој да направи јавна набавка за купување на тркала.

 

 

ИЗДВОЕНИ