EPA-EFE/GEORGIOS KEFALAS

Трикратниот грен-слем шампион Стен Вавринка (39) доби специјална покана да игра на Австралија опен, турнир на кој првпат играше пред речиси 20 години. Швајцарецот го освои и турнирот во Мелбурн кога во финалето во 2014 година го победи Рафаел Надал.

Тој ја освои својата прва грен-слем титула во 2014 година, која го однесе на третото место во светот, а подоцна додаде титули на Ролан Гарос (во 2015 година) и на САД опен (една година подоцна).

  • Многу сум благодарен што добив специјална покана за Австралија опен во 2025 година. Мелбурн има посебно место во моето срце, тоа е место каде што го освоив мојот прв грен-слем и една од најголемите пресвртници во мојата кариера – истакна Вавринка, кој последните години се мачеше со повреди и падна на АТП-листата, дури до 161. место.

Австралија опен се игра од 12 до 26 јануари.

ИЗДВОЕНИ