Најпознатата фудбалска двојка на денешницата, Ванда Нара и Мауро Икарди, по десет турбулентни години, ѝ стави крај на љубовната приказна. Во тек е разводот, каде што згодната русокоса ќе се обиде да добие, ни помалку ни повеќе, туку 38,5 милиони евра.

Таа бара не само алиментација за двете ќерки туку повеќе, бидејќи со години му беше менаџер на напаѓачот на Галатасарај и го застапуваше во преговорите со други клубови кога станува збор за платата, условите и за разните бонуси.

Ванда Нара не губи време за да ги реши овие слатки проблеми. Таа се фрли во акција и веќе ја поврзуваат со двајца нови мажи, едниот е фудбалерот Кеита Балде, а другиот е аргентинскиот рапер Л-Ганте, со кого објави неколку жешки фотографии од кревет.

Ванда не е претерано заинтересирана за тие приказни, туку го бара вистинскиот „стрелец“, како што напиша на својот инстаграм-профил, со провокативни фотографии од балконот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wanda Nara (@wanda_nara)

ИЗДВОЕНИ