Натпреварот Македонија – Австрија  се играше исклучиво пред македонски навивачи и по некој Хрват. Селекторот на Катар,Веселин Вујовиќ, кусо го коментираше егзодусот на ракометни навивачи неделава.

„Одамна изјавив дека во светот на спортот и бизнисот важни се три работи – пари, пари и само пари. Додека тоа е приоритет никому не му е грижа како им е на екипите, каде се сметени, колку треба да патуваат, како е на трибините…

Но, кога и јас да коментирам на овие теми, тие ќе ме „удрат“ со казна од 5.000 евра и не би коментирал повеќе“, рече Вујовиќ.

Со исклучок на една мала група на македонски, унгарски и холандски навивачи, натпреварите во Вараждин се играат пред скромно исполнети трибини. За разлика од натпреварите во Вараждин, во Скандинавија, има повеќе исполнетост и гледачи.

ИЗДВОЕНИ