На ракометната репрезентација на Хрватска, не и оди според планирното на Светското првенство во ракомет, на кое е една од земјите-домаќини. Во последното коло од првата фаза „коцкестите“ беа надиграни од Египет и во главната рунда влегоа со само два бода. Тешкиот пораз од Египет за хрватските медиуми го коментираше легендарниот Веселин Вујовиќ, кој на овој шампионат ја предводи селекцијата на Катар.

„Многу е тешко да се коментира нешто за да се остане коректен, без во основа да се каже она што е видливо за сите. Хрватската јавност мора да се помири со фактот дека овој тим не е за најголеми достигнувања. За жал, така беше и е во последните неколку години. Не знам, но Сигурдсон не победи ниту еден важен натпревар, освен квалификациите во Германија.

Јасно е дека е многу тешко да се остане без Дувњак и Циндриќ. Карачиќ е тотално надвор од форма и ритам, па сè паѓа на грбот на малиот Павловиќ кој до вчера играше во Љубушки. Да се очекува дека сега ќе може да ја одведе Хрватска до голем резултат – едноставно не е реално“, изјави Вујовиќ.

Поради повреди Хрватска остана без двајцата капитени и средби бекови Циндриќ и Дувњак, за кои Светското првенство најверојатно е завршено.

 

 

ИЗДВОЕНИ