Вучиќ за ветото: За Хрватите разбирам, не знам што сме им згрешиле на Бугарите?

Меѓу земјите-членки вчера повторно немаше договор за отворање на Кластерот 3 од преговорите со Србија, кој вклучува осум поглавја

194

Земјите членки на Европската унија не постигнаа договор за отворање на кластерот 3 во преговорите со Србија. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека Унгарија за следната недела ќе закаже дискусии на оваа тема во ЕУ.

„Нема сомнеж во тоа. Имаше осум земји, Шведска, Финска и Холандија и секако Хрватска и Бугарија. Да нѐ прашаше Господ што им згрешивме на Бугарите, не би знаел да му објаснам, но за Хрватите разбирам сѐ. За нас е важна вест е дека разговараме со сите.  Германија е апсолутно за отворање на Кластерот 3. Франција и Италија беа и останаа и им благодарам на поддршката, и Германија им се придружи. Им благодарам ако отворат, им благодарам и ако не отворат. Ќе гледаме следната година да бидеме најголема растечка економија во Европа“, рече Вучиќ.

ИЗДВОЕНИ