Вучиќ: Србија и Северна Македонија ќе развијат најблиски односи и меѓусебно ќе се поддржуваат

374

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по средбата со претседателката на Македонија, Гордана Силјановска Давкова изјави дека е убеден дека двете земји ќе ги развијат најблиските можни односи и оти тие односи ќе ги градат внимателно, со меѓусебна почит.

„Нашата економска трговска размена беше на 1,75 милијарди (евра), убеден сум дека веќе во следните две години можеме да одиме над две милијарди евра размена и можеме многу повеќе заедно, до степен да се поддржуваме, а не само преку иницијативата Отворен Балкан, веќе насекаде и во сите меѓународни форуми, организации, институции“, рече Вучиќ во заедничкото обраќање со претседателката на Македонија, по посетата на манастирот Свети Прохор Пчињски.

Тој додаде дека и честитал на претседателката на Северна Македонија за изборната победа и изјавил дека ќе побара од неа до крајот на годината да ја оствари својата прва официјална посета на Белград.

Вучиќ рече дека со делегацијата на Северна Македонија се разговарало за изградба на делници од пругата до Солун кои минуваат низ двете земји, чие завршување ќе биде од корист за двете страни.