ВУЧИЌ СЕ “СЕЛИ“: Привремено!

5398

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во следните седум дена ќе ги извршува сите државни функции во Лозница.

Вучиќ привремено ќе има канцеларија во Лозница.

За време на престојот, како што се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот, тој ќе разговара со граѓани, ќе учествува на разни настани и ќе посети повеќе села, општини и градови.

Посетата Вучиќ ќе ја започне во среда, со обиколка на работите на реконструкција на патот Бојиќ-Текериш кај Шабац.

Во соопштението не е прецизирано кои градови и општини ќе ги посети претседателот на Србија во тој период.