Вучиќ по телефонскиот разговор со Путин: Особено му се заблагодарив бидејќи зимава ќе имаме доволно руски гас по многу поволни цени

298

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за новинарите изјави дека денеска имал многу долг и пријателски разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Претседателот на Русија однапред ми испрати покана следната година да присуствувам на одбележувањето на 80-годишнината од победата над нацизмот, рече Вучиќ. Беше многу долг разговор – разговаравме како луѓе кои се познаваат долго време, пријатели. Тоа беше сосема лична нота во разговорот, кои се слаби лидери, такви, онакви… Тој истакна дека Путин двапати ја повторил истата реченица за време на разговорот: Она што е добро за Србија е добро и за Русија, она што е добро за Србите е добро и за Русите – рече Вучиќ.

Не мора секогаш за се да размислуваме исто. Но, Путин ја разбира позицијата на Србија и тежината на нашата позиција повеќе од сите руски политичари. И тоа е се што можам да ви кажам – додаде тој.

„Посебно му се заблагодарив на претседателот Путин што се погрижи Србија да има доволно количества гас оваа зима, по многу поволни цени. Она што остана од претходните периоди да се исплати, двајцата изразивме надеж дека во следниот период ќе се реши преку компромисни решенија“ посочи Вучиќ.

Разговаравме и за важни политички прашања, а за тоа ќе зборувам на РТС, истакна претседателот на Србија.

„Изразив надеж дека нема да воведеме санкции кон Руската Федерација“, рече Вучиќ.

Вучиќ и Путин денеска имаа телефонски разговор, по што Вучиќ се огласи на својот Инстаграм профил.