Вучиќ: Опозицијата во Србија го следи патот на обоената револуција во Северна Македонија

Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди на јасна паралела меѓу обоената револуција во Северна Македонија и актуелните акции на опозицијата во Србија.

55

Мислите дека е генијално што ги обоија бехатон плочите со црвена боја, кои нема да можат целосно да се исчистат? Дали мислите дека тоа беше нивна идеја? Најдете снимки од 2016 година, точно истото сценарио во Северна Македонија. Токму на ист начин го бојадисаа и главниот плоштад во Скопје. Шефот и спонзорот секогаш беа исти, а жртви беа народите над кои правеа обоени револуции. Тоа нема да се случи во Србија, бидете сигурни.

Српскиот претседател Александар Вучиќ со овие зборови предупреди на јасна паралела меѓу обоената револуција во Северна Македонија и актуелните акции на опозицијата во Србија, пренесе Политика.

По обоената револуција во Северна Македонија во 2016 година, покрај материјалните штети на инфраструктурата, на оваа земја и е нанесена и непоправлива политичка штета. Денес, низ Северна Македонија, албанското малцинство ги пали знамињата на земјата и бара сè повеќе права, а без нивно учество е речиси невозможно да се формира влада во Скопје.

Покрај сличностите со Северна Македонија, опозицијата во Србија го користи и симболот на крвавата рака, кој првично беше користен во обид за обоена револуција против рускиот претседател Владимир Путин.

Србија веќе го има искуството на обоените револуции спроведени од странство, како што е 5 октомври, а несомнено е дека новите примери од други земји сега се поучен показател за патот по кој оди опозицијата предводена од Драган Ѓилас, Мариникo Тепиќ, Горан Јешиќ и други актери на насилните протести, рече Вучиќ.