Вучиќ за студентскиот протест: Не ја разбрав поентата за глупирање на Нова година

42
Фото: Facebook

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека не го разбира значењето на студентскиот протест што се одржа на новогодишната ноќ.

Која беше поентата на оваа глупост за Нова година? Тие луѓе што загинаа во Нови Сад умреа напладне, не на полноќ“, изјави Вучиќ за телевизијата Пинк.

Тој праша дали со протестот на полноќ „сакале да им ја расипат радоста на луѓето кои имаат право на тоа“.

Поминаа 40 дена и семејствата имаат право на нормален живот, а вие не дозволувате други луѓе да живеат“, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека во Србија има максимална слобода на медиумите бидејќи, како што наведе, секој може да објавува што сака за претседателот.

„Ние сме единствената земја во Европа каде што можете да следите руски, украински, американски, француски… Таква слобода никаде ја немате“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека нема што да ги обвинува студентите во блокадата кои имаа само десет години кога „злото“ беше на власт, кое според него ја уништуваше Србија.

ИЗДВОЕНИ